Working Mom на Неделата: Александра Петревски

Колку реално една мајка може да постави здрави граници помеѓу своето семејство и кариерата? Дали е тоа идеал кон кој се стремиме бидејќи убаво ни звучи или збир од стратегии и секојдневни рутини? 👀

Александра Петревски одлично ни доловува колку е емоционално исцрпувачки да бидеш Working Mom во денешно време, да чувствуваш како секој аспект од животот да те влече на своја страна и да те притиска да бидеш успешна во секој потфат.

Како специјалист за регрутација и селекција, Александра навистина знае колку е важно една компанија да инвестира во своите вработени за да испорачаат продуктивност и квалитетна работа.

Според своето искуство, како најголеми предизвици за мајките и татковците во една компанија ги издвојува следниве: 

⚠️ Справување со чувството на вина кога долго време си далеку од детето.

⚠️ Борба за изнаоѓање квалитетна грижа за децата додека ние сме на работа.

⚠️ Навигација низ социјалната динамика на работното место.

⚠️ Тешкотии во правење избори меѓу работа и дете.

Затоа, таа решението на овие предизвици го гледа во воведување флексибилни работни часови и работа од дома.

„Компаниите треба да им овозможат флексибилни, хибридни и далечински опции за работа на своите колеги и колешки што се родители. Треба да се пружи и можност за работа со скратено работно време за оние вработени кои можеби нема да можат да работат со полно работно време, откако ќе се остварат како родители. На овој начин ќе ја подобрат продуктивноста и ќе ја зголемат мотивација на вработените.

Она што ѝ помага ефективно да ги менаџира домашните и работните обврски е јасно дефинирање на приоритетите на денот.

„Размислувам за она што навистина ми е важно како моите аспирации во кариерата, семејните обврски, личните интереси и секако – среќата на семејството. Стратегии за управување со времето што најдобро функционираат за мене и се во склад со мојата  личност, способноста за самомотивирање и нивото на самодисциплина би биле: 

  1. Детален план како ќе го поминувам времето во денот.
  2. Поставување приоритети.
  3. Користење алатки за планирање (апликации за time-management и to-do lists).
  4. Делегирање обврски и добивање помош од другите.
  5. Да не се одолговлекува извршување на обврските.
  6. Избегнување мултитаскинг.”

Во моментите кога ќе ја облие чувство на грижа на совест, таа зема неколку длабоки вдишувања и се труди да се фокусира на позитивните работи во својот живот. 💪

„Да се биде Working Mom може да биде емоционално исцрпувачкo, бидејќи се чувствуваш повлечен во различни насоки, додека во исто време се бориш да ги задоволиш барањата и на работното место и на семејството. За мајката е многу тешко да се фокусира на работата, оставајќи го своето дете дома или во градинка. Воспоставувањето јасни граници помеѓу работата и личниот живот ми е од суштинско значење за одржување на здрава рамнотежа. Дефинирам специфични „исклучени“ часови и избегнувам да внесувам стрес поврзан со работата во тој период. Со создавање на овие граници, можам да уживам во времето поминато со семејството и  во активности за грижа за себе кои промовираат целокупна благосостојба”.

Токму грижата за себе ѝ помага да биде најдобрата мајка за своето дете и посветена сопруга. 🦸‍♀️

„Се грижам за себе со активности што ме релаксираат –  истражувајќи програми или апликации за релаксација и велнес што вклучуваат медитација, мускулна релаксација или вежби за дишење. Потоа, пишување дневник, читање на книги или содржини во кои што уживам. И секако – секојдневно потсетување за работите за кои сум благодарна во животот!”

Најголема поддршка за Александра е нејзиниот сопруг. ❤️

„Мојот сопруг ја почитува мојата желба да имам кариера, ме охрабрува во исполнување на зацртаните цели во кариерата и презема фер удел за обврските дома. Работењето во корпоративниот свет е доволно тешко, но да се има добар пријател како него, ги прави работите полесни”.

Ресурси што ги препорачува како корисни за родителите се следниве:

✅ Книгата „Мудар родител – среќно дете”  од Хедвиг Монтгомери

✅ Книгата „Дански начин за воспитување деца” од Џесика Џ. Александер, Ибен Д. Сандал

✅ Веб- сајтот https://mamma.mk/

✅ Веб- сајтот https://www.pbs.org/parents

✅ Веб- сајтот https://pedijatar.mk/

„Платформата Working Mom е одличен начин да добиеш информации за одредени ситуации. Да сфатиш дека со слични предизвици се справуваат и останатите родители. Поистоветувањето дека не сме сами во некоја ситуација ни дава чувство дека не сме сами. Самото тоа ни дава моќ да продолжиме да се бориме и да стануваме подобри родители секој ден, само за нашите најмили и најмали”. 

Ако треба да даде еден совет до сите родители, тој би бил следниов: