За мене најтежок беше периодот кога ми беше потребна помош. Како човек кој никогаш не побарал помош за било што во животот, долго време ми беше тешко да си признаам дека ми е потребна.
Но, во мојот случај со раѓањето на мојата ќерка, со исклучок на сопругот (кој повеќето од времето во денот е работно ангажиран), не секој што доби нова улога ми пружаше поддршка и помош кои и те како ми беа потребни.
Навистина не ми беше јасно како не можам да постигнам сѐ со обврските околу домот, бебето, да бидам секогаш средена и да најдам време за себеси.
Борбата со тоа дека “не сум организирана” ми заврши кога една мајка ми кажа:
„Како постигнувам сѐ? Среќа имам помош, инаку немаше да знам кај терам!”
Тогаш разбрав дека мајка која има помош од некој и мајка која е оставена сама на себе ги немаат истите 24 часа во денот.
Не сите совети на родители кои имаат деца пред тебе треба да се земат во обзир.
Родителството не е вид на “работа” и не значи дека добиеш пред некој друг дете, дека автоматски имаш и поголемо знаење и искуство од него/неа.
Сепак, инстинктот е најважен пред сѐ, а и тоа колку еден родител пред да стане родител решил да се едуцира и да се подготвува за улогата што ќе ја има наскоро.
Тој пресврт ме научи повеќе да верувам во себеси и конечно да ја доживеам улогата на мајка.
Би се гушнала себеси. Би си кажала дека е во ред. Не би настојувала некои луѓе да си ги разберат улогите во животот на Сара, туку повеќе би уживала во својата.
Би се искарала себе поради сомнежите во самата себе. Не би го споредувала својот живот со животот на други мајки. Би била помалку хипохондрик околу неа, затоа што не секоја точка е и болест.
Од денешна перспектива, разбирам дека тоа што требало да се случи, така требало да се случи за да се уверам дека давам сѐ од себеси да бидам што е можно подобар родител за неа, што впрочем и се гледа по нејзините насмевки.
Да застанам. Да си направам кафе и посветам 15 минути на себеси. Да ги расчистам мислите во главата и да соберам сила за остатокот од денот.
Да не ми пречи да бидам лошиот лик од приказната во било чиј свет, се додека сум суперхерој во нејзиниот. Научив да бидам похрабра кога е таа во прашање.
Се прашувам дали давам сѐ од себе како би постигнала нејзин правилен раст и развој.
Искрено сум во постојана борба со самата себеси дали можам нешто подобро да направам за неа. Гледам постојано да се едуцирам и да и помогнам да научи што повеќе вештини.
Пред сѐ, сакам да е среќна и исполнета, секој ден да ѝ поминува на различно и на интересен начин.
Исто така, исплашена сум во каков свет ќе ја оставам, па се трудам да бидам најдобрата верзија од себеси. Се надевам дека со тоа ќе мотивирам и луѓе околу мене да се променат како би оставиле свет во кој правилните вредности ќе преовладуваат.
Би сакала да знаев дека уморот, несигурноста и стравот се дел од мајчинството, а не знак дека не се снаоѓам.
Дека не е најважно да постигнам сѐ, туку да бидам што е можно поприсутна и стабилна во текот на денот за неа. Многу ми е важно таа да се чувствува сигурно и сакано. Сѐ останато може да почека.
Иако тоа се случува многу ретко, најчесто се чувствувам виновна кога имам некоја итна обврска надвор од домот или пак потреба едноставно да испијам кафе на само со другарка и морам да ја оставам некому да ја причува.
Чувствувам вина затоа што знам дека работите што ги правам за неа, ги правам превнимателно и мислам дека не секој може да ги направи на истиот начин.
Во очите на твоето дете не постои подобра мајка на свет од тебе.
Најчесто со разговори со луѓе кои ми значат, кафе и заедничко прераскажување на денот со сопругот. Но, најмногу од сѐ преку гушкање, пеење и игра со мојата најмила Сара.
Иронично, пред неа се чувствував поосамено отколку сега, кога сум нејзина мама. Таа ми го исполни животот со смисла, топлина и љубов што не се опишува со зборови.
Автор: Симона Серафимовска
© 2023 Created with love