Време е за...

Првата сликовница напишана за деца, но посветена за родителите

📣 Време е за…. освестување

Сликовница напишана за деца, но со многу моќна порака за родителите

Ние како родители постојано се грижиме колку време нашите деца поминуваат пред екран. Но, зошто истото правило не важи за нас? Зарем не се тоа двојни стандарди?

Им го лимитираме на дечињата времето пред дигиталните уреди, а кога ние “седиме” на телефон, едвај се контролираме себеси да не скокаме од место при секоја нотификација дека некој ни го лајкнал постот или ни коментирал.

Колку пати ја прекинуваме играта со детето само за да провериме што прават нашите “виртуелни пријателчиња” коишто да ги видиш на улица прашање е дали ќе те поздрават.

Неколку универзитетски истражувања од Пенсилванија, Харвард, Мичиген укажуваат на еден многу поразителен факт – вистинската опасност што не сме толку поврзани со нашите дечиња се крие во нашата опседнатост постојано да бидеме онлајн.

На децата не им требаат совршени родители – им требаат само присутни родители кои ќе уживаат во моментите на заедничка игра.

Токму и тоа е и целта на Време е за Даро, мојата прва сликовница.

👋Запознајте ги нашите амбасадори

Ви ги претставуваме нашите амбасадори што го шират движењето „Време е за…”

Тие ја креваат свеста за важноста да бидеме повеќе ПРИСУТНИ родители, наместо ОНЛАЈН.

Заедно ќе ги поттикнеме родителите да го спуштат телефонот особено за време на празниците, придонесувајќи за генерација на посреќни дечиња и многу, многу посвесни родители.