Сѐ уште е тешко секое нивно разболување, најчесто во зимскиот период. Тогаш како да влегувам во друга димензија и сакам да направам сѐ за да им помогнам да оздрават што побргу.
Кујната може да почека, дневната може да е во хаос, а ни јас не морам да бидам совршена, туку присутна.
Откажала голем број “не толку важни” онлајн работни состаноци во периодот кога работев од дома и чував дете. Сакам што помалку да ме гледаат пред лаптоп.
Дури и во најголемата галама, затворам очи само 5 минути (будна) за да се ресетирам.
Среќата е во малите нешта и нема ништо поважно од здравјето и нивната насмевка. Сѐ друго може да почека.
Здравјето на децата, нивната безбедност и околината во која ќе растат.
Грижата не престанува и ќе бидам уморна на ниво што не ми било познато дотогаш, но и среќна на начин што не можев ниту да си го замислам.
Ќе викнам погласно за да сфатат дека сум сериозна и дека треба да се исполни тоа што сме се договориле. Во тој моментот сфаќам дека тие се само деца и за нив играта е пред сѐ.
Мали деца – мали обврски. Големи деца – големи обврски. Уживај во секој период од нивното растење, тоа не се враќа назад.
Се потсетувам себеси дека и оваа фаза ќе помине. Не можам да кажам дека се чувствувам осамена, бидејќи свесно одвојувам време за себе и прошетка, за сè што ме потсетува дека и јас сум тука, не само како мајка, туку и како жена, личност, душа.
Со добра организација и приоретизирање, за сѐ се наоѓа време!
Автор: Мартина Неданоска
© 2023 Created with love