TrixieBox е креативна бизнис иницијатива што ја стартувавме со сестра ми Зорица.
Ова е начин како да ти дадеме идеја за уникатен подарок за посебни пригоди, а воедно и да им помогнеме на малите локални бизниси.
Ние две постојано сакаме да им подаруваме подароци на луѓето. Но, сфативме дека немаше баш на располагање креативни подароци што би измамиле вистинска насмевка на лицата на тие што ќе ги добијат. Затоа, решивме сами да ги создадеме.
Дополнително, отсекогаш сме поддржувале мали бизниси, особено жени претприемачи бидејќи знаеме колку нивните производи и услуги се направени со љубов и внимание.
Затоа направивме совршена комбинација – ние ќе креираме уникатен тематски подарок, а воедно и ќе им помогнеме на малите локални бизниси со тоа што нивните производи ги вклучуваме како дел од нашиот подарок.
Официјално стартувавме на 16ти јануари 2023та година.
2 години подоцна сме израдувале над 2.500 луѓе со нашите подароци.
Oвде ќе најдеш 52 предизвици за секоја недела од годината што ќе ти помогнат да бидеш најдобрата верзија од себе што има многу што да му пружи на светот (и на своето семејство секако).
The NewBorn Times е креативен и забавен начин како да му кажете на светот дека ќе добиете бебенце преку навистина слатка фотосесија.
Нашиот весник The Newborn Тimes е еден поразличен начин како да му посакаш добредојде на твоето новороденче и да ја споделиш радоста со најблиските.
© 2023 Created with love