Ова се најчестите 9 предизвици што ги слушаме од родителите кога ќе дојдат да го тестираат своето дете во Вербатора.
Дали и каде ќе се пронајдете?
„Нема мотивација да учи. Сè му е досадно!”
Мотивацијата кај детето се зголемува кога се применува начин на учење кој е во согласност со талентите (силните интелигенции) и потенцијалите што ги има детето. Учењето потоа станува интересно и полесно.
„Кога го учи предметот по општествени науки, наученото го памети само 2 дена. А кога доаѓа испрашување или тест, тој ништо не знае.”
Кога ќе откриете како детето може да го разбере предметот и да го пренесе во меморија (за секој училиштен предмет засебно), нема да има проблем со паметење на материјалот.
„Ниту една игра дома или со другарите не му го задржува вниманието.”
„Постојано менува активности. Се запишува, па се отпишува и во ништо не може да се пронајде. “
„Освен игрите на телефон, не го интересира ништо друго.”
Ако детето нема волја за извршување на секојдневни активности, причина може да биде чувство на неприпадност во моменталната средина со врсниците. Детето може да се чувствува дека не припаѓа некаде, бидејќи активностите и опкружувањето ги немаат истите интереси како него.
Тоа може да се манифестира во однесување како на пример: не се дружи со врсници, постојано несогласување со соученици, агресивно или хистерично однесување.
Може да ги слушнете следниве зборови од детето:
„Никој не ме разбира.”
„Досадно ми е тоа.”
„Не ги сакам тие деца, ниту тие учителки таму.”
„Сакам тоа да го правам, ама и не сакам, а не знам зошто…”
Како би знаело самото дете што би му било интересно и каде се наоѓа неговата поддржувачка средина?
Кога ќе открие кое хоби е за него и ќе ја запознае таа средина, ќе увиди дека има дечиња слични на него и ќе се чувствува дека припаѓа некаде.
Како резултат, ќе се чувствува разбрано и ќе биде спокојно, исполнето и мотивирано за различни други секојдневни активности како дружење со дечиња, учење и слично.
„Вели дека сака да игра фудбал, но не ја подава топката на тимот. Сака сам да дава голови, потоа дома се жали дека го нервира фудбалот, но не сака да се откаже.”
Во овој случај, може да се работи за дете кое е индивидуалец во спорт, но и во други секојдневни окружувања. Точно за што станува збор ќе откриеме и ќе ви дадеме насоки за акција во Вербаториа.
„Зошто детето често се растажува и плаче за различни типови на ситуации или настани?”
„Зошто детето не покажува никаква емоција, ниту пак заплакува на тажен настан?”
„Дали моето дете ги крие своите емоции, или пак, не ги препознава?”
Доколку се добие резултат дека се работи за висока/ниска емоционалност кај детето, ќе добиете насоки за родителување во тој определен правец.
„Нема самодоверба!”
Самодовербата се стекнува и зголемува кај дете кое станува свесно за што сè е способен и почнува да се развива во тој негов правец.
„Премногу размислува за да донесе некоја мала одлука.”
Со откривање на природното ниво на преземање ризични одлуки на детето, ќе ви биде јасно како да се однесувате со него. Овој параметар добиен од извештајот од Вербаториа е важен при дефинирање на идеалното хоби и професија за личноста.
„Дали може да излезе на тестот дека моето дете не е талентирано?”
Не е можно тоа! Секое дете е талентирано. Тоа е така бидејќи секое дете живее и располага со сите човечки интелигенции.
Со неврометрискиот метод ние мериме која интелигенција е природно посилна во однос на друга, односно во која област детето размислува без мозочен напор во споредба со друга област каде што му е потребен поголем труд, енергија и мозочен напор за да се оствари.
Не се обидувајте да погодите какви ќе бидат резултатите што ќе ги добиете за личноста на детето. Дојдете со намера да откриете нови нешта за детето, за да го подржите и прифатите такво какво што е.
Само на овој начин ќе можете да го разберете извештајот со насоки за личен и професионален развој и ќе можете да извлечете максимум придобивки од него за цел живот.
Ова се параметри преку кои ги одредуваме талентите на децата, идеалниот избор на хоби и професија:
⭐ Редоследот на природната застапеност на силните интелигенции
⭐ Емпатија
⭐ Самодоверба
⭐ Позиција во тимски активности
⭐ Емоционалност
⭐ Ниво на донесување ризични одлуки








За да си закажете тестирање, посетете го веб-сајтот на Вербаториа (https://www.verbatoria.com.mk/) или пишете им порака на Instagram (https://www.instagram.com/verbatoria.talenti/). 🚀
Во пресрет на новогодишните празници, можете да ја изненадите саканата личност со ваучер за Вербаториа тестирање со вредност по ваш избор.
Ваучерите се дигитални и можат да се испратат по меил директно на личноста на која сакате да ѝ подарите, со порака по ваш избор.
Нарачките за ваучер можат да се направат само до 28 декември 2024.
Вредноста што вие ќе ја одредите за ваучерите ќе важи на цената од 4000 денари за едно тестирање или на промотивниот пакет од 2900 денари за едно тестирање доколку купите два или повеќе ваучери. 🎄
© 2023 Created with love