Ќе бидам искрена – моето бебе е најлошиот спијач! 😫
Пробавме сè: од нежно нишкање, чешкање, промена на времето за спиење, ноќни рутини, бел шум, сè што постои!
Повеќето ноќи сум повеќе будна отколку што спијам. А наутро? Борба! Вид на умор каде што забораваш каде си ги оставил клучевите или што сакаш да кажеш на состанок. Фокусот на нула!
Имам утра кога си ја гледам to-do листата и се прашувам како ќе ја завршам. Дури и наједноставните задачи ми изгледаат сложени.
Но, секој ден се потсетувам дека не сум единствената што поминува низ истава фаза. Толку многу се борат со недостигот на сон додека се обидуваат да останат на врвот на работата, домот и сопствениот разум.
Постојано сме растегнати меѓу желбата да дадеме сè за нашите деца и чувството дека сме на крајот на силите.
Сите го поминуваме ова и сите се прашуваме дали е доволно, дали правиме доволно…
Одговорот е: Правиме повеќе од доволно без да сме свесни за тоа! 💡
✔️ Кратки паузи
Дури само 5 минути да дишеш, да се истегнеш или да излезеш надвор, можат да го освежат уморот. Не е магично решение, но дава малку енергија за да продолжиш со работа.
✔️ Биди отворена со твојот тим на работа
Работното место прави огромна разлика. Ако си на место каде што можеш да зборуваш отворено за предизвиците со кои се соочуваш, направи го тоа. Неверојатно е колку поддршка можеш да добиеш кога твоите колеги знаат низ што поминуваш.
✔️ Прифати ја поддршката од партнерот
Понекогаш оставете го бебето со партнерот за да поспиете барем еден саат, да се истуширате, да излезете со другарките на кафе. Нивната поддршка како и на оние од најблиското семејство е неопходна во овие тешки периоди.
✔️ Укради малку време за себе
Звучи клише, но наоѓањето на мали моменти за себе може да направи да се почувствуваш поенергично. И запомни дека тоа е сосема оќеј! Кратка прошетка, кафе во тишина, медитација, you name it!
Не заборавај дека ова е само фаза и ќе помине. Знам дека не изгледа така кога си во средина на сето тоа. Но, еден ден, ќе се свртиш назад и ќе сфатиш колку си силна. И океј е ако некои денови едноставно немаш енергија.
Но, до тогаш, да не заборавиме дека мора да се грижиме и за себе. Нашите деца имаат потреба од силни и среќни родители. Тие растат најдобро кога ние сме во нашето најдобро светло.
Затоа, не чувствувај вина што земаш време за себе. Не само што ги преживуваш овие ноќи, туку си пример за истрајност на своето дете. А поголема мотивација од тоа нема! 💪
Автор: Кристина Ставреска
© 2023 Created with love