Зошто раната детекција на талентите кај детето е навистина важна?

„Јас си го познавам своето дете, не може некој тест да го знае подобро од мене!”  Можеби оваа изјава веќе сте ја слушнале од некои родители. 🙄

Иако може да си погодуваме и да претпоставуваме дека си го “познаваме” нашето дете, сепак, методот што го користи Вербаториа открива вродени таленти и потенцијали што не секогаш спонтано излегуваат на виделина. Дури и ако се случи тоа, може ние да не ги приметиме како такви. 

Има деца кои многу рано покажуваат што сакаат и за нив можеби е очигледно во кои области се талентирани. Тоа е одлично.

Но, што ако е спротивното? Кои може да се причините поради кои вистинскиот талент на твоето дете може да остане неоткриен?

Најчести причини поради кои може нема да го забележиш талентот кај твоето дете

⚠️ Сакајќи да се вклопи во друштвото, да мисли дека сака нешто што друштвото го одобрува, а за тоа би му требало повеќе време и напор да го постигне, отколку нешто друго за кое е талентиран/а. 

⚠️ Некој од родителите му кажало дека е добро во нешто, па занемарува сѐ останато што би сакало, само за да успее за да ја “заслужи” љубовта и восхитот од родителот. 

⚠️ Никогаш не дошло во допир со одредено хоби или активност за да има можност да открие што би сакало.

 

5 придобивки зошто треба што порано да ги откриеш талентите на твоето дете 

Откривањето на талентите од рана возраст е од суштинско значење за:

  1. Развој на самодоверба: Кога децата се свесни за своите способности, тие се посигурни во себе.
  2. Развивање на љубов кон учењето и академскиот успех: Откривањето на индивидуалниот начин на учење овозможува разбирање и долготрајно меморирање на нов материјал и вештини според индивидуалните потенцијали и силни страни на детето, со цел учењето да биде лесно и забавно за него. 
  3. Емотивна исполнетост: Активностите во склад со талентите на детето помагаат во развој на неговите најсилни страни.
  4. Професионален развој: Правилното насочување може да му помогне да избере кариерни области во кои ќе блесне.
  5. Личен развој: Откривањето на талентите може да влијае на севкупниот развој и среќа на детето.

 

Како раната детекција на талентите и потенцијалите кај детето ќе ти помогнат да направиш информирани одлуки за неговата иднина?

Раната детекција на талентите и потенцијалите кај детето може да ти помогне да дознаеш:

✔️ На кој начин детето може најлесно да ги разбира и учи нештата во светот што го опкружува.

✔️Како учењето може да биде лесно и забавно. 

✔️ Да дознаеш кои игри / активности ќе му помогнат да ги развие неговите таленти.

✔️ Кое хоби најдобро му одговара на неговата емоционална интелигенција и е во склад со неговите таленти. 

✔️ Во која област може најлесно да се реализира, а со тоа и ќе дознаеш кој е неговиот најдобар избор за средно училиште и/или факултет.

✔️ Во која област да инвестираш за развојот на силните страни на детето за да може да изгради цврста основа за градење на неговата иднина и идна професија.

Применувајќи ги активностите и насочувајќи го во област која е во склад со талентите на детето, ќе добиете емотивно исполнето дете, што притоа ќе доведе до успех на сите животни полиња.

 

Мојата успешна приказна

Мојата промена и искуството со Вербаториа ми помогна да си ги потврдам талентите со интересите, како и да направам професионална комбинација што ми одговара и што ми донесе самодоверба. 

На пример, мојата дилема и интерес беше психологија и маркетинг.  Со Вербаториа открив дека имам вродена висока креативна интелигенција и висока емоционална интелигенција, како и способност за работа со луѓе со цел подобрување на менталното здравје. 

Особено се истакна делот дека сум алфа лидер односно со високи лидерски способности и потреба да основам и работам свој бизнис. Па така, сега работам маркетинг за себе и мојот бизнис во областа на психологијата. 

Во однос на хобито, после резултатите ми стана јасно зошто и како со леснотија положив и станав јин јога инструктор. 🧘‍♀️

 

Какво беше искуството на ќерка ми по тестирањето?

Искрено, едвај чекав таа да наполни 4 години за да го направи тестирањето. Тој ден бев превозбудена и пресреќна во неизвесност додека ги чекав нејзините резултати. 

Сега ми е јасно дека станува збор за високо емоционално дете, а не е само фаза или дека е “размазена” или дека само “драматизира” за нештата околу неа. Кога ќе се добие резултатот дека имаш високо емоционално дете, има и посебен пристап на родителување за кое даваме насоки и совети.

Се израдував што го дознав нејзиниот уникатен начин на разбирање и учење нови нешта. Уште веднаш го испробав и пресреќна сум како со леснотија разбира. 🤸🏼

На пример, бројките што ѝ се малку послаба страна во споредба со останатите интелигенции, но со нејзиниот начин на учење (како што е изработка на бројки со цел да ги допре, помести и почувствува за долгорочно да ги меморира) учењето е полесно и забавно.

Кога повремено се одвојува од игрите кои се во група од деца за да игра или направи / изработи нешто сама, сега ми е јасно дека тоа го прави бидејќи нејзиниот одговарачки стил е индивидуалец. Ова особено е од значење при одлука за избор на активност / хоби / спорт, а понатака во животот ќе ѝ значи во изборот на работна позиција и место во опкружувањето. 

Едне од изборот на хобија што се во склад со нејзините таленти, тип на лидерство и емоционалност е балетот. Па затоа ѝ предложив ако сака да оди на пробен час да види дали и се допаѓа. После првиот час, дома ја изведе цела кореографија. 😍 

И тоа не значи дека можеби секогаш ќе сака балет. Има целосна слобода од нас да оди каде што сака и да менува активности од љубопитност, од досада или да сака повеќе нешта. 

Знаејќи ги нејзините потенцијали, ние само можеме да ја насочуваме и да ѝ предложуваме активности со кои самата ќе увиди дека ќе се чувствува емотивно исполнета бидејќи ќе бидат во склад со неа.

 

Секоe дете е талентирано

Вие како родители ја имате таа моќ да му помогнете на детето да се сака себеси и да има силна самодоверба што ќе го води до успешност на сите животни полиња. 

Целта со Вербаториа е да ви помогнеме да ги откриете скриените потенцијали и таленти кај вас и вашите деца, да ве научиме како со помош на истите да постигнете високи резултати во секоја област што ќе ја посакате и да дознаете во која област со леснотија би биле најуспешни. 

Ако посветите внимание вашето дете да инвестира во развојот на неговите силни страни, на тој начин директно инвестирате во градење на цврста основа на неговата иднина и идна професија. 🚀

Повеќе инфо околу методата и начинот на тестирање ќе дознаеш овде: https://www.verbatoria.com.mk/ 

 

Автор: Сања Бошковска

Неврометрист и советник за развој на човечки потенцијали

Едукатор за родителство со позитивна дисциплина

Професионален системски коуч

НЛП Практичар