Working Mom на Неделата: Ивана Матејин

Колку од нас посакуваат да се вратат назад и ја зграпчат сета помош околу децата што ни се нудела, а не сме сакале да ја прифатиме? Сме се труделе да бидеме самостојни и да покажеме дека ние можеме сѐ, некогаш и на сметка на нашето ментално и физичко здравје? 👀

Ивана Матејин е амбициозна жена што ни покажува дека жртвите што ги правиме како мајки често се на наша штета и не служат како позитивен пример за нашето малечко. Особено кога заглавуваме во компанија што не ги поддржува родителите и нивните потреби.

Како нова мајка, штотуку вратена од породилно отсуство, од претпоставените го добила следниов коментар: „Епа Ивана, треба да бираш – или ќе бидеш мајка или ќе работиш како што треба!?” 🤯

„Оваа изјава не само што разбуди огромен гнев кај мене и во дадениот момент се почувстував толку немоќно и невидливо, туку и ми ја искристализира замислата каква работна околина посакувам за себе и каков кариерен пат треба да одберам. Повеќе од јасно ми беше дека сум на погрешно место, па мојот работен однос таму набрзо потоа заврши. Од тогаш до денес, работам, растам и сум дел од организација што ги вреднува и инвестира во моите потенцијали, ја имам целосната слобода да иницирам и креирам процедури и правилници за вработените. Сето тоа го правам тргнувајки првенствено од етичкиот аспект и моите лични вредности, а потоа бизнис целите и потреби, повторно ставајќи акцент на важноста на приватниот живот и балансот со работата”. 

Затоа Ивана советува: Ако се лоши условите, променете ја компанијата!

„Потребно е огромно количество на сила и енергија за растење на само едно мало човече. Затоа, избирам мојата сила и енергија да ја насочам кон него, а не кон стигматизираното општество. Компаниите треба да вложуваат во унапредување на техничките и меките вештини за вработените, а не да се занимаваат со застарени механизми за контрола и микроменаџмент. Вработен кој ги почитува колегите и компанијата и за возврат се чувствува вреден и почитуван од страна на компанијата нема да си дозволи нефер однос и злоупотреба. Денешниот дух на една нова мајка/татко изобилува со креативност, грижа и одговорност. Работодавците мора да го сфатат и прифатат тој концепт, да ги поттикнуваат родителите да се развиваат во секој поглед  а не да долеваат “вина” дека станале родители!”

Зошто би барал од вработен да дава сѐ од себе за компанијата, ако истовремено му одбиеш барање за грижа за болно дете?, прашува Ивана и со право. 🤔

„Културата во нашата компанија е дека ги поддржуваме максимално семејните вредности/обврски и тоа секогаш е на прво место. Мора да се има взаемно разбирање и соработка кога е во прашање отсуство поврзано со член од семејството. Зошто би барал од вработен да дава сѐ од себе за компанијата, ако истовремено му одбиеш барање за грижа за болно дете? Тоа нема логика и е одлика на компанија што не обезбедува добросостојба за сите. Годинава, ние успешно работевме на еден проект за унапредување на бенефициите наменети за родители. Тој предлог имаше многу позитивен исход. Заврши со огромен успех и збогатени бенефиции подеднакво и за таткото и за мајката”.

Од досегашното искуство, таа сфатила дека родители се високо продуктивни вработени, бидејки фокус и мултитаскинг им е секојдневие (сакале или не). 

Затоа, менаџментот мора да има разбирање за родителите во компанијата. Овде секогаш треба да се прави баланс со оние кои не се родители за да не се почуствуваат дискриминирано и работните обврски да си бидат подеднакво распределени.

A eве кои се нејзините стратегии што ги користи за да постави здрава граница помеѓу работата и фамилијата: 

✅ Сетирање на строги специфични работни часови, креирање на дедицирано место за работа кога сум во домот, правење чести кратки паузи за промена на локација (пример кратка прошетка во двор или забава со миленик). 

✅ Користење на техники за менаџирање на времето како to-do листа се покажа како многу ефективно и најочигледното: нејадење на бирото на кое работам. Ова е доста честа замка која ми требаше долго време да ја разберам и минимизирам, а сега ми е главен постулат за работа од дома. 

✅ Секогаш си ги запишувам сите обврски во календар и секое утро со првото кафе го проверувам за да бидам во тек и да ги минимизирам изненадните непланирани таскови што ќе улетаат дента, а being a working mom ги има многу :).

„Мислам дека реалноста е дека “посветен и присутен” родител во денешно време истовремено треба да е и “посветен и присутен вработен” (сеедно дали води свој бизнис или е вработен на друго место/фриленс). Затоа е потребен внимателно одбран баланс”.

Mom guilt е сосема природно чувство за секоја мајка што секојдневно го чувствуваш, па наскоро станува и дел од тебе. Немаш друг избор освен да научиш да живееш со истото.

„Јас таа вина/грижа ја чувствувам секогаш кога не сум со детето, без разлика дали сум на службено патување, прослава со колеги, на гости кај пријатели…Треба да се фокусираме на време што го поминуваме со нашите деца да е значајно, интерактивно, и прилагодено за нивната возраст и потреби. Соодветно му објаснувам на синчето што значи и која е потребата да работиме, уверувајќи го во мојата неизмерна љубов и посветеност кон неговото растење и воспитување”.

А за да биде најдобрата мајка за своето дете, таа го практикува данскиот начин на среќно живеење – hygge. ✨

„Мојата self-care рутина е многу едноставна и скромна бидејки радост наоѓам во малите задоволства. Си го романтизирам животот со basic убавини како свежо цвеќе купено од пред Vero или утринско сонце во спалната. Го практикувам данскиот начин на среќно живеење hygge, бидејки ако човек е среќен и задоволен дома и сам со себе, ќе биде среќен и задоволен засекогаш и секаде. Знам да медитирам и додека сум на детско игралиште и додека сум на викенд во село”.

Овие ресурси ѝ помагаат да се едуцира како да биде свесен и присутен родител:

„Секој ден си читам книги на Blinkist бидејки нуди безброј скратени верзии (key points) на книги на буквално секоја тема (текст или аудио опции). Следам и категорија за родителство каде редовно читам и се едуцирам за свесно и асертивно воспитување на деца. Книги кои ми оставија впечаток летниов распуст (лектири за мајки) се: Simplicity Parenting и Parenting Outside the Lines”.