Мојата приказна со Access Bars третманите започна неколку месеци по прогласување на Корона епидемијата во нашата држава. И претходно трагав и барав начини како да си го олеснам секојдневното живеење, но ова беше пресвртен момент. Отсекогаш знаев дека може да се живее забавен и радосен живот исполнет со магични креации. ✨
Пред да го стартувам Access Bars, сонував за такво нешто, искрено го посакував. За себе, за своите најблиски, за сите на планетата Земја. Она што најмногу ме погоди во Короната беше таа лимитираност, ограниченост, затвореност. Депресивни луѓе наоколу.
Со кого и да бев во контакт, сите се жалеа на немоќ, беспомошност, немање можности, страв. Да, и јас го чувствував тоа. А, и го живеев тоа одреден период. Како да бев затворена во кафез, па дури да речам и заклучена.
Барајќи го клучот на тој кафез, наидов на Access Consciousness и сите нејзини алатки, методи, техники. Наидов на група луѓе, од цел свет, како во „таа криза“ се смееа и дури до солзи се радуваа раскажувајќи, споделувајќи сопствени искуства со овие алатки.
Едноставно бев маѓепсана. Го препознав тоа што го знаев и го барав цел живот. Живеење со леснотија, радост и славење. Знаев дека постои и конечно го најдов. Оттаму избрав да го пробам Access Bars третмaнот, првата, појдовна алатка на Access Consciousness. 🚀
На почетокот бев клиент. Одев кај пријателка на третмани. Бев редовна. Колку поредовно примав третмани, толку повеќе увидував како се менува моето расположение, ми се отвараа нови можности, запознавав нови луѓе.
Тоа чувство на осаменост, изолираност, неразбирање едноставно исчезнаа. Ми се вратија спокојот, мирниот сон, опуштеноста, креативноста, веселоста, знаете, како мало игриво дете со насмеано лице. И веќе сѐ ми беше јасно.
Се пронајдов себе си низ овие алатки и техники. Увидов дека се допринос за сите. Така и одлучив да научам јас да ја правам оваа метода и да ја практикувам за сите оние кои се во потрага по поинаков свет, свет исполнет со среќа, радост, леснотија.
Од Access Bars Практичар, сега сум и Access Bars Фасилитатор. Држам сертифицирани обуки за сите оние кои бираат да ја научат оваа метода. Исто сум и Енергетски Фејс Лифт Практичар и Фасилитатор, како и Практичар на телесни процеси.
Access Bars третманите се наменети буквално за сите. Од најмали до највозрасни. Без разлика на статус, позиција, вера и пол.
Access Bars третманите се наменети за сите оние кои бараат начин како да се ослободат од анксиозност, депресија, стрес, страв, несигурност, ниска самодоверба, несоници. Access Bars третманите се за сите оние кои сакаат да ги подобрат односите со другите, да ја подобрат својата финансиска состојба.
Она што е научно докажано, е дека Access Bars третманот го редуцира стресот, длабоко опушта, го подобрува спиењето, го намалува вртоглавото работење на мозокот, нѐ ослободува од траума, ја намалува вознемиреноста, ги брише негативните и ограничувачки размислувања, го подобрува целокупното живеење, го зголемува чувството на благосостојба, внатрешен мир, радост и благодарност.
Овој третман им има помогнато на илјадници луѓе ширум светот да го подобрат својот живот, како и своето здравје ослободувајќи се од стрес, анксиозност, депресија, траума, телесна тежина, негативни мисли, непожелни здравствени состојби, и многу повеќе!
Луѓето кои редовно применуваат Access Bars третман се поопуштени, подобро спијат, креираат богатство, имаат зголемна креативност, го оптимизираат здравјето, помалку осудуваат, имаат подобри меѓучовечки односи, имаат леснотија во работата, напредуваат во кариера, имаат поголема самодоверба, фокус и одлучност.
Примарниот фокус со Access Bars третманите е токму тоа. Во 2015 година направено е истражување од американски доктори и истото покажало дека Access Bars третманите директно влијаат на подобрување на симптомите на анксиозност и депресија.
Докажано е дека еден ваков третман може да ги подобри смптомите на анксиозност за 84,7% и симптомите на депресија за 82,7%. Повеќе за ова истражување на следниов линк: https://www.access-consciousness-blog.com/2015/12/claiming-the-potency-of-you/
Па, што е потребно за да си подариме саат и пол време за себе, да примиме Access Bars третман како би се ослободиле од постпородилна депресија, анксиозност, стрес и живееме лесен и забавен живот? 💡
Замислете живот во кој, со секој нов ден почнувате нов живот. Живот исполнет со леснотија, радост и славење. Живот во кој со секој нов ден живеете бескрајни можности со тоа што сте.
Дали сега е време да целиот живот да го примите со леснотија? Што ако смислата на животот е да се забавуваме, ослободени од стрес, нервоза, напнатост, па дури и анксиозност и депресија?
Секој пат кога примате Access Bars третман, се ослободувате од сите точки на гледање за кои не сте ни знаеле дека ве ограничуваат. Со секоја сесија го експандирате своето знаење. Продирате длабоко во себе и во своето знаење и сето она што е вистина за вас. И да, навистина е едноставно, да знаете.
Што ако денес е почетокот на вашето патешествие во откривањето на сопствената вистина и во „развивањето на мускулот“ на вашето знаење? 🌟
Автор: Мери Кичовска – Access Bars Фасилитатор, Енергетски Фејс Лифт Практичар и Фасилитатор и Практичар на телесни процеси
© 2023 Created with love