5 причини зошто Конференцијата за свесно родителство е одличен ресурс за секој родител

Веќе 3та година по ред, Конференцијата за Свесно Родителство ги носи најефективните практики во областа на родителството од најдобрите едукатори за родители во Македонија. 🚀

Годинава, конференцијата ќе се одржи од 21 до 25 септември 2024та година, повторно во својот познат онлајн формат.

Во рок од 5 дена, ќе се покријат 15 навистина важни теми преку коишто ќе учиме и ќе растеме заедно со нашите најмили. 

Ова се 5 причини зошто не треба да ја пропуштиш конференцијата оваа година: 

✅ Причина #1: Преку 15 онлајн предавања, ќе истражиш повеќе аспекти на родителството, развојот на децата, нашиот личен развој и емоционалната интелигенција

Како смирено и самоуверено да се справиш со секоја ситуација со твоето дете/деца, како да им ја зголемиш самодовербата и да развијат агилност кон животните промени, како да им помогнеш да изградат клучни животни вештини за да можат да бидат успешни, како ти, но и твоите деца да ги надминете стравот и негативноста низ ова патешествие се само дел од темите што ќе нè приближат до нашите деца и ќе нè инспирираат да станеме подобри родители. 

 

✅ Причина #2: Ќе добиеш практични совети без разлика на возраста на твоето дете

Оваа конференција е наменета за родители на деца од сите возрасти. Има и неколку конкретни теми наменети за родители на бебиња, деца од предучилишна возраст и тинејџери. 

Искуството од претходните години покажало дека овие теми се од интерес и на учесниците што не се имаат остварено во улогата на родители и голем број на баби и дедовци што сакаат да бидат вклучени во воспитувањето на своите внуци. 

 

✅ Причина #3: Ќе добиеш совети од прва рака од најдобрите едукатори за родителство во земјава

Ова се предавачите коишто ќе го споделат своето искуство: 

  • Maya MJ – Трансформациски coach
  • Илина Ведран – Еmbodiment teacher, Лиценциран тренер по методата на Лујза Хеј
  • Леа Ризаова – Семеен системски советник во едукација
  • Драган Даскаловски – Магистер по специјална едукација и рехабилитација
  • М-р Ана Салтирова Давидовски – Автор, NLP Тренер & Coach, Kреатор на кампања #ЛиченИЗБОР
  • Катерина Галиќ – Сертифициран инструктор за BLW метод за исхрана
  • М-р Елена Џебр – Лиценциран психолог и психотерапевт, Магистер по клиничка и советодавна психологија
  • М-р Катерина Дунимаглоска-Ѓоргиовска – Автор, Педагог, Коуч
  • Елена Граматикова – Сертифициран семеен и системски советник и едукатор за родителство 
  • Бојана Стојменовиќ Петровска – Психолог, Семеен и системски советник, Организациски консултант за ментално здравје
  • Д-р Соња Китановска-Кимовска – Едукатор за родители и автор
  • Ирена Христовска – НЛП Тренер за млади и родители, автор, Mindfulness intensive trener, Psychocoach
  • Ивана Илијоска – Специјалист по клиничка логопедија
  • Ана Јанкуловска – Гешталт психотерапевт и системски тренер 
  • Марија Саздева – Магистер по психолошки науки, едукатор за родители и деца

 

✅ Причина #4: Ќе научиш како да го извлечеш најдоброто од традиционалното и модерното родителство

Оваа година, конференцијата ќе има зголемен фокус на емоционалната интелигенција, модерните предизвици на родителството, холистички пристап на родителство како и подлабоко истражување на грижата за себе како една основна вештина за добросостојбата на родителите. 

Централната тема ќе биде извлекување на најдоброто од традиционалното и модерното родителство и балансирање меѓу попустливо и авторитативно родителство. 

Како родители, се наоѓаме на историска раскрсница. Ги “береме” плодовите на модерното родителство, а од традиционалното веќе ги “обравме” и добро ги почувствуваме на своја кожа. Ако продолжиме вака, ќе создадеме генерација зависни, неспособни дечиња, што не е ништо подобро од нашата генерација на самостојни и истрауматизирани деца. 

Оваа конференција ќе ти го даде одговорот како да го извлечеш најдоброто од двата света и да го примениш во твоето родителско воспитување.

 

✅ Причина #5: Трансформативно искуство за секој родител

Трансформативно искуство е загарантирано за секој родител што ќе ја посети конференцијата. Не само што ќе ги продлабочиш твоите родителски вештини и знаења за детскиот развој, туку и ќе најдеш поддршка без осудување, ќе се поврзеш со други родители и ќе вложиш во твојот личен раст и развој. 

Ако сметаш дека ова се причини што ќе ти помогнат да бидеш подобар, посвесен родител за своето дете, пријави се да бидеш дел од конференцијата на официјалната веб-страна www.roditelstvo.mk.