Иако компаниите се свесни за придобивките од флексибилното работно време за вработените и нивниот животен баланс, сѐ уште голем дел од нив имаат строги правила околу работното време и користењето на паузата. 👀
Ова знае да биде голем предизвик за родителите што не секогаш по своја волја, треба да ги “прекршат” овие правила.
Ана Серафимова смета дека е редно време работодавците да се стават во чевлите на вработените и вистински да сфатат што им е потребно на да бидат продуктивни и фокусирани вработени што нема во слободното време да бараат работни огласи за друга компанија.
„Ако можам да променам една работа во моето досегашно искуство како Working Mom, би било да воспоставам подобар баланс помеѓу работните (известувачки) рокови и семејните обврски. Она што денес ми помага е добрата организација и подредување на обврските по приоритет, како и планирање на временска рамка во која тие треба да бидат завршени”.
Ако порано постојано го држела телефонот до себе и “скокала” на секоја нотификација и надвор од работното време, денес, ова не е случај. 🙌
„Она што во последно време се обидувам и сѐ почесто го правам е работните задачи да ги завршам до крај на работното време. Надвор од работно време само во исклучително итни случаи одговарам на телефонски повици или е-маил пораки, што во минатото не беше случај. Особено викендите ми се исклучително важни да бидат посветени на фамилијата во целост”.
За Ана, службените патувања биле најголемиот извор на грижа на совест, особено кога била нова мајка. Но, со текот на времето ги прифатила како дел од работата и се труди да ги “балансира” со семејни патувања.
Фамилијата е нејзината најголема поддршка. ❤️
„Имајќи ги во предвид и патувањата како дел од моите работни обврски, најголемиот “товар” во тие моменти е на сопругот и секако мојата мајка. Поддршка од сите аспекти”.
Добар сон како приоритет, е начинот како Ана има енергија за сите обврски во текот на денот.
„Многу често во текот на неделата, ми се случува да заспијам заедно со мојата ќерка. Уживам во планирање и организирање на семејни патувања, скоро секогаш имам план за следна дестинација. Ова воедно ми е и инспирација и водилка за завршување на сите обврски пред остварување на патувањето”.
Веб-страниците како pedijatar.mk и deca.mk се ресурси што Ана би ги издвоила како корисни за родителите со многу квалитетни содржини и на македонски јазик.
„Sharing is caring! Со тоа што постои платформа како Working Mom каде што родителите, пред сѐ мајките, можат да ги споделат своите искуства, предизвици и проблеми е од голема помош на сегашните и идните родители. Се надевам дека платформата ќе игра улога и за подигнување на свеста кај работодавачите околу грижата за своите вработени”. 🚀
© 2023 Created with love