🌸 Нема ништо лошо да му се случи на бебето ако не слушам совети од “интернет специјалисти”. – Катја А.
🌸 Да бидам подготвена на комплетна промена на личноста и на животот во секој аспект. Да научам како да си ги организирам 24те часа во текот на денот, да го балансирам 8-часовното работно време и преостанатите 16 часа домашни обврски што буквално “прелетуваа” толку брзо што не остануваше време за размислување дали сѐ е направено според планираното. – Љупка Т.
🌸 Работа на себе, медитација и психичка подготовка пред да дојде новата улога – мајка. Билјана Ѓ.
🌸 Како личност потполно ќе се променам и ќе имам различни погледи на светот од претходно. – Софија С.
🌸 Не требаше да купувам толку многу гардероба, зашто пребрзо растат. – Габриела Г.
🌸 Посакував луѓето да беа реални со мене и искрено да ми кажат што да очекувам, особено најблиските. Во ред е секоја поддршка што вели дека сѐ ќе помине. Но, не поминува сѐ со самото раѓање. Туку баш тогаш започнува еден нов период на многу предизвици. – Марија Б.
🌸 Сѐ е минливо. Тешките периоди поминуваат. Ти не си виновна. – Ангела А.
🌸 Just go with the flow and enjoy every moment! – Елена М.
🌸 Родителството е вработување на мајката што трае 24/7/365, особено во првите 5 години. – Јасна В.
🌸 Посакувам да научев како да си го организирам времето, макар што приоритет секогаш ти е детето. – Анета Ј.
🌸 Совет што сакав да го добијам е повеќе да се едуцирам за доење. – Симона М.С.
🌸 Посакувам некој да ми кажеше дека можам. Дека ќе успеам и дека во мене има сила за која не сум свесна дека ја има. И уште нешто – да уживам максимално. – Марија Ѓ.
🌸 Не очекувај премногу од себе, посебно за некои работи што не можеш да ги смениш (излегување на запче, скок во развој, први тантруми итн.). Резултатите за посветеноста во твоето родителство ќе се видат после некое време. Не се сомневај дека постапуваш исправно секогаш кога се држиш за вредностите во кои веруваш. – Десанка З.
🌸 Мојата благосостојба од сите аспекти (ментална, физичка, емотивна) е најважна за да бидам добар родител. Дека постојат техники за саморегулација што треба да ги практикувам, особено кога станав родител на дете со нетипичен развој. – Ирена Б.
🌸 Многу е важно да се направи добра организација на времето и да се направи баланс меѓу работа, обврски со деца и лично време за себе. – Александра Ш.А.
🌸 Биди трпелива кон себе додека растеш заедно со своето дете. Родителството не е само за тоа како да воспитуваш дете, туку и како да се развиваш како личност. Ќе има предизвици, грешки и сомнежи, но важно е да се запамети дека ти учиш исто толку колку и твоето дете. Сочувствувај кон себе, особено кога работите нема да одат според планот. – Габриела С.
🌸 Да не следам никакви книги и инструкции, туку да си го следам детето и знаците што тоа ги покажува. – Цветанка Д.
🌸 Не се замарај многу, ќе научиш со текот на времето, природно е да не знаеш све. Само гушкај го и тоа ќе ти врати. – Тања Х.
🌸 Требало да ме посоветуваат да станам мајка порано. Сѐ е полесно кога си помлад, па можеби тогаш и требало работата, кариерата и слично да си ги ставам на пауза за да добијам дете. – Лидија К.
🌸 Ќе ми треба мноооогу трпение и работа на себе. – Елена А.
🌸 Грижата за себе е подеднакво важна како и грижата за новороденчето. – Ивана П.
🌸 Да уживам во секој момент од мајчинството бидејќи премногу брзо растат. – Маја Н.
🌸 Не е потребно толку да се грижам за растот на детето – тоа ќе си порасне. Потребна му е само смирена мајка. – Елизабета Г.
🌸 Не се заборавај себе си! – Ружица С.
🌸 Да не се опседнувам со доењето. Ако немам млеко за доење или е на адаптирано млеко, не сум помалку мајка на моето дете. – Џеврија Љ.
🌸 Не грижи се и не плаши се од ништо, не можеш ни да замислиш колку си силна! – Кристина Б.
© 2023 Created with love