Никој не ме предупреди дека едвај ќе ги држам очите отворени за време на бременоста. Никој не ми посочи дека ќе дојдат денови кога спиењето ќе го изберам пред правењето профит.
Не бев свесна дека растење бебе во стомакот е 24/7 работа. Ниту колку сладок дефокус ќе бидат клоците на моето бебе во стомакот додека презентирам на состанок.
Никој не ме насочи како да го менаџирам времето, да жонглирам со сите работни обврски во првите денови од мајчинството или како да се организирам со бебето кога имам состаноци.
Ниту, пак, знаев колку растењето бебе е најтешката, но истовремено и најпрекрасната и најблагородната работа на светот. Не бев свесна дека фразата „досадно ми е” се исфрла од употреба кога ќе станеш родител, бидејќи обврските никогаш не запираат.
Затоа и го креирав овој блог. Најискрено го споделувам моето искуство со работење за време на бременоста, сите падови и подеми со кои се соочив, сомнежите што ме измачуваа и ме тераа да се запрашам дали сум доволно добра за да менаџирам со кариерата и мајчинството истовремено.
Се надевам дека овие редови текст ќе помогнат на некоја од вас да сфати дека не е сама во овој процес. Сите ние поминуваме низ истото. Време е да бидеме гласни. Доста молчевме.
Дали имаш производ или услуга што би биле идеални за бремени жени и/или мајки? Сакаш да ни помогнеш во мисијата да го издигнеме мајчинството, грижата за себе и нашите најмили на едно повисоко ниво?
© 2023 Created with love