Ја креирав Working Mom како безбедно катче каде што отворено зборуваме за сите кариерни предизвици што ги носи бременоста и мајчинството за една жена.
Долго време барав персонализирани ресурси (не copy-paste совети) што ќе ме насочат како да се справувам со предизвиците што ги носи работењето за време на бременост и во првите денови од мајчинството.
Бидејќи не најдов релевантни ресурси, решив самата да ги креирам и да го споделам своето искуство од прва рака.
Ова е личен блог на една мајка што сака да го има најдоброто од двата света – свесно мајчинство и кариерна експанзија.
Кои се предностите што ги искусив од отворање бизнис за време на бременост? Кои се предизвиците со кои се соочив?
Да не одбивам after-work покани од колегите за дружба, бидејќи кога си родител не можеш секогаш да си го дозволиш тој луксуз на екстра време поминато во социјализација.
Кога е вистинско време да им кажеш на работодавците дека си бремена, а да не си ја загрозиш работната позиција?
Кои се најчестите кариерни предизвици со коишто се соочуваш за време на бременоста, мајчинството, татковството?
Имаш ли “тајна” рецепта за балансирање на животот, работата и децата? Секое искуство е добредојдено.
Се препозна во некој од текстовите? Сакаш да добиваш повеќе совети на овие теми? Сакаш да го споделиш своето искуство?
Биди дел од Working Mom заедницата!
© 2023 Created with love